Фотографија на Трамп предизвика таков хаос на Твитер што мораше и тој самиот да се огласи (ФОТО)

Фотографот Вилијам Мун, кој објавува слики на Твитер профилот „@photowhitehouse“, во петокот минатата недела го фотографирал американскиот претседател Доналд Трамп додека го поминувал тревникот во Белата куќа, откако се вратил од Шарлот, во Северна Каролина.

Лицето на Трамп е со нападна портокалова боја, при што јасно се гледа преминот помеѓу неговиот природен тен и напудрениот дел од лицето.

Мун фотографијата ја објавил покрај нејзината црно-бела верзија, која делува застрашувачки.

– Републиканците го скинаа Уставот заради човек кој изгледа како вашата перница откако сте заспале со течна пудра на лице, коментирала една корисничка на Твитер.

Еден корисник ја споредил објавата со сцена од филмот „Госпоѓа Даутфајер“ во кој Робин Вилијамс си удира торта во глава, но корисникот навел дека римејкот не му се допаѓа.

– На кого му стои подобро, пишала друга корисничка.

Друг корисник напишал дека ова е навреда за тиквите.

Американскиот претседател наводно обожава сам да си ја средува косата и шминката и одлучно ја одбива услугата на шминкерите во Белата куќа. Тој во сабота на Твитер искоментирал дека фотографијата е направена во фотошоп, но дека „фризурата му изгледа одлично“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот