Фотографија на легендарниот фудбалер го запрепасти светот!

twitter.com/SIGNORE_CALCIO

Џанлука Вијали, поранешниот италијански фудбалер, минатата година откри дека ја води најголемата животна битка, а сега откри детали и од борбата со ракот.

– Најтешко ми беше тоа му кажам на семејството, родителите, браќата, сестрите, сопругата и нашите ќерки Оливија и Софија. Како да сте биле виновни што сами сте го добиле. Сакав да продолжам истиот оној Вијали кој што претходно сите го знаеја. Сакав да ја раскажам и мојата приказна и во книга – рече Вијали, кој од хемотерапијата и зрачењето истакна дека се чувствува подобро.

Зборовите на Италијанецот будат оптимизам, но фотографијата на која очигледно дека води тешка борба со ракот прилично го шокираше светот.

– Сега повторно се чувствувам физички подобар. Но, сеуште не можам да кажам со сигурност како ќе заврши овој натпревар. Се надевам дека мојата приказна ќе биде инспирација на луѓето кои се наоѓаат на животни пресвртници – додаде Вијали.

Својата фудбалска кариера ја започна во Кремонезе, играше за Сампдорија, Јувентус и Челзи. Во 1998 година во Челзи започна и тренерска кариера, а после „сините“ од клупата го водеше и Ватфорд. За репрезентацијата на Италија одигра 59 натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот