Фотографија на годината: Симбол на надежта среде пандемијата на коронавирусот

Instagram

Пандемијата на коронавирусот целосно ги промени нашите животи, туркајќи нè во мрежа на темни мисли, вознемиреност и страв. Нова нормалност се најчесто користените зборови во 2020 година, а на многумина им е сè потешко да го поднесуваат ова „ново нормално“.

Носењето маска стана „ново нормално“ со цел да се намали ризикот од зараза со ковид-19.

Сè што сакаме е трошка надеж и сè што посакуваме е да се вратиме во стариот живот далеку од маските и мерките на претпазливост.

Надежта дека тоа може да се случи ја пружи прекрасната фотографија што доаѓа од Дубаи.
Ја објави гинекологот Самер Чеиб од Обединетите Арапски Емирати, а на неа новороденчето со рака ја повлекува маската од лицето на докторот, додека тој се насмевнува.

Instagram

Сите сакаме знак дека наскоро ќе ги тргнеме маските“, напиша Чеиб покрај фотографијата.

Чеиб за Си-ен-ен Бразил раскажа дека мајката родила близнаци, момче и девојче, но за виралната фотографија е заслужно момчето.

Второто бебе беше момчето, го држев за да нè фотографира таткото, а бебето ми ја повлече маската. Во тој момент, сите се насмеавме – рече гинекологот.

Чеиб споделува фотографии со бебињата на својот профил, а и тој бил изненаден од популарноста на фотографијата.

Веројатно причината е нејзината позитивност. Сите чекаме да ги симнеме маските, па затоа стана вирална – рекол тој.

Многумина на социјалните мрежи се согласија со него. „Ова е симбол на надеж среде борбата со коронавирусот“, „Најубавата фотографија што сум ја видел“ и „Сите наскоро ќе ги тргнеме маските“ се само некои од коментарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот