ФОТОГРАФИЈА НА ДЕНОТ: Плоштадот „Македонија“ низ објективот на фотограф од National Geographic

NatGeo/Instagram
NatGeo/Instagram

Скопскиот плоштад осамна на инстаграм-профилот на  светски познатиот  магазин „National Geographic“

Фотографијата која е фатена во миг на зајдисонце, е сликана на градскиот плоштад „Македонија“ во чиј кадар е балон во облик на срце и малечка силуета на девојче.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by National Geographic (@natgeo)

Фотографијата е направена од фотографот Мухамед Мухајзен, двократен добитник на Пулицер за новинска фотографија.
И на неговиот официјален инстаграм-профил, сподели „стори“ со фотографијата која доби безброј убави коментари и од нашата инстаграм-заедница.

Printscreen/Instagram
Printscreen/Instagram

Почестени сме да го имаме Скопје на профилот на светски познат магазин!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот