Фотографија која собра милион лајкови: Мишел Обама со ќерките во Венеција (ФОТО)

EPA EFE
Фото: EPA-EFE/REMKO DE WAAL

Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, на својот Инстаграм-профил објави фотографија снимена во Венеција од едно патување на кое била со ќерките Саша и Малија.

Во пресрет на Денот на мајките, Мишел посветила емотивен пост за својата мајка и ќерките и напишала колку е среќна што со своите девојчиња го обиколила речиси целиот свет.

Фотографијата на поранешната прва дама со ќерките доби повеќе од милион и пол „лајкови“, што сведочи дека популарноста на сопругата на Барак Обама не е опадната ни две години откако ја напуштија Белата куќа.

Мишел Обама во моментот е една од најтиражните писателки на светот, а нејзината книга „Becoming“ ги урива сите рекорди во читаност.

Во едно интервју по објавувањето на книгата изјавила дека лесно се адаптирала на животот надвор од Белата куќа, како и дека многу ѝ годело да ја пишува книгата за својот живот. Рекла дека нема намера да се кандидира за претседателка на Америка, иако обожавателите на семејството Обама тоа силно го посакуваат.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот