Фотографиите од тажната коала која копнее по својот дом, го расплакаа светот (ФОТО)

Ова малечко суштество се вратило назaд во своето живеалиште во Нов Јужен Велс (Австралија) само за да го пронајде уништено и разрушено.

Коалите неодамна беа прогласени за загрозен вид, а фотографијата од ова малечко тажно животно го обиколи светот.

 (Courtesy of Wildcare Australia Inc)

Тажната коала ја пронашол и ја фотографирал еден од волонтерите на организацијата „Wildcare Australia“. Тој рекол дека коалата седела скоро еден час на остатокот од исечените дрвја, збунета.

Коалата била и повредена, така што волонтерот ја одвел на ветеринар и ја нарекол Еш.

И покрај загубеното живеалиште, приказната за оваа коала сепак има среќен крај. Откако ветеринарите се погрижиле за Еш, тој добил корпа полна со еукалиптус и бил префрлен во колонија што се наоѓала во близина.

 (Courtesy of Wildcare Australia Inc)

Инаку главна болест од која страдаат коалите е кламидија. Кламидија е организам што живее во повеќето здрави коали. Таа обично не ги разболува коалите, сè додека не почувствуваат стрес. Поради таа причина тие можат да ослепат, да добијат инфекција на белите дробови или пак суво грло што ќе им попречува во исхраната. Женките исто така можат да останат стерилни доколку се разболат. Коалите можат да добијат леукемија и други видови на рак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот