Фотографиите од Ким Јонг-ун на врвот на планината не се безначајни: СЕ СПРЕМА НЕШТО ГОЛЕМО

Фото: Профимедиа

Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-ун се фотографираше на коњ на планина покриена со снег, а тие фотографии преплашија многу Корејци.

На фотографиите се гледа како Ким Јонг-ун јава на планина на бел коњ, а направени се на планината Паекту, едно од најважните државни културолошки и геолошки места, пишува Си-Ен-Ен.

Паекту, планината која е активен вулкан, е најголемиот врв на корејскиот полуостров, а на планината висока 2744 метри, Ким, како што тврдат севернокорејските медиуми, пристигнал сам на коњот. Иако станува збор само за пропаганда, експертите сметаат дека Ким Јонг-ун се спрема да објави нешто големо.

– Жал ми е за коњот. Не знаеме што точно се случува, но знаеме дека ќе се случи нешто големо. Во минатото не само кога стануваше збор за Ким Јонг-ун, туку и за неговиот татко Ким Јонг-ил и дедо му, Ким Ил-сунг, ваквите излети со јавање беа знак дека нешто ќе се случи – рекол Гордон Чанг, автор на повеќе книги за азиска геополитика.

На прашањето што би можело тоа да биде тој одговорил:

– Тоа засега не го знаеме, но може да значи напуштање на нуклеарните преговори со САД или може да биде насочено спрема Јужна Кореја. Не знаеме за што се работи, но сигурно нешто се случува и тоа нема да ни се допаѓа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот