Фотографиите од Јанева на граница се СТАРИ ТРИ ГОДИНИ

Принтскрин/Твитер

Фотографиите кои кружат на социјалните мрежи, а на кои се гледа обвинителката Јанева на граничен премин не се нови.

Всушност, постари се од три години, а во тоа време и дел од медиумите веќе ги имале објавено истите фотографии.

Овие фотографии привлекоа внимание со оглед дека Јанева деновиве исто така беше на одмор на Грција, додека истовремено нејзиниот глас се слуша во снимките објавени од Ла Верита за случајот „Рекет“.

Се уште е непознато дали Јанева се вратила во земјава, но во меѓувреме стручната јавност смета дека постојат доволно основи и индиции врз неа да биде изречена одредена меркa како одземање на пасошот, па дури и притвор, наведува Фокус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот