Фотографии што го обиколија светот: Инфлуенсерките ја вжештија атмосферата на фестивалот во Венеција

Profimedia

Црвениот тепих на филмскиот фестивал во Венеција последниве денови ја воодушевуваше публиката ширум светот поради гламурозните модни креации на дамите кои прошетаа по него, а ситуацијата неделава и прилично се вжешти.

Мила Суарес/Profimedia
Елиса Де Паницис/Profimedia

Инфлуенсерките Мила Суарес и Елиса Де Паницис на црвениот тепих прошетаа во елегантни фустани со црна и со бела боја, а по позирањето почнаа да се бакнуваат.

Profimedia

Девојките на тој начин го промовираа филмот „Le Sorelle Macaluso“, а според пишувањето на странските медиуми, успејаа да го свртат вниманието на филмот, кој само што ја имаше својата премиера.

Освен промоција на филмот, девојките сакале и да им оддадат почит на Мадона и на Бритни Спирс, кои пред 17 години со својот бакнеж на доделувањето на МТВ ВМА наградите привлекоа толкаво внимание што и денес се зборува за тоа.

Profimedia
Profimedia

Суарез и Де Паницис на Инстаграм имаат стотици илјади следбеници, а сега се погрижија нивните профили да бидат уште попопуларни.

Интересно е што ниту една од нив всушност не се појавува во филмот кој заедно го промовираа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот