Фотографии од неверојатно откритие на Антарктикот – истражувачите од Украина влегле во тајната пештера (ФОТО)

Мистериозната пештера на „три ката“ со езера и река е пронајдена на островот Галиндез.

Поларната пештера, која целосно е покриена со мраз и е долга 200 метри откриена е на Антарктикот.

Мистериозната пештера на „три ката“ со езера и река најдена е на островот Галиндез каде што се наоѓа базата на украинската експедиција (UAE). Било познато дека влезот на пештерата се наоѓа спроти крајбрежјето, но тој отвор бил блокиран кога глечерот паднал во океанот.

Меѓутоа, тимот пронашол друг влез во пештерата. Откриле дека пештерата е трипати поголема отколку што мислеле претходно.

На долнио кат на оваа величенствена пештера екипата пронашла смрзнато езеро и „џиновска кула“ која била висока како четирикатна зграда (12 метри), широка осум метри и долга 30 метри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот