Фотограф го „оддува“ Audi R8 на илјадници парчиња (ВИДЕО)

Швајцарскиот фотограф Фабиан Офнер го претстави својот нов проект од серијата „оддување“ на делови на автомобили. Овој пат тој користеше вистински автомобил – „Audi R8“, бидејќи неговиот проект е посветен на десетгодишнината на моделот на американскиот пазар.

За да биде направена последната слика, инженерите на „Audi“ мораа целосно да ја расклопат задната страна на суперавтомобилот. Тие го демонтираа моторот, менувачот, електричниот систем и системот за ладење.

Соодветно на тоа, секој детаљ беше фотографиран со специјална камера „Hasselblad“, а потоа заедно со останатите беше составен користејќи компјутерска програма.

Претходното дело на Офнер беше наречено „Disintegrating X“ и претставуваше „распаѓање“ на „Lamborghini Miura SV“ од 1972 година. За да биде направена финалната фотографија, процесот траеше 2 години затоа што автомобилот беше поделен на 1.500 дела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот