ФОТОГАЛЕРИЈА: Собир за поддршка на Газа пред Владата
Собир во знак на поддршка на жителите на Газа и на Палестина и во знак на протест поради продолжената израелска блокада и жестоките напади врз Појасот Газа се одржа попладнево пред Владата, на годишнината од почетокот на последниот бран насилство меѓу Израел и Палестина, кој предизвика илјадници жртви и ранети, главно меѓу Палестинците.
Учесниците на протестниот собир носеа транспаренти со написи „Слобода за Палестина“, „Газа е геноцид“, „Запрете ги убијците на бебиња“. Тие извикуваа „Долу апартхејд”, „Солидарност” и други пароли.
Неколку од организаторите прочитаа сведоштва од жителите на Газа, но и колумна од Израелец напишана пред точно една година, и ги искажаа своите мислења пред присутните.
Атмосферата на протестниот собир ја пренесуваме преку фотографиите на фоторепортерот на „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ: