ФОТОГАЛЕРИЈА | Скопјани повторно се израдуваа на снегот

Од рано утрово во главниот град, како и во поголемиот дел на државата, граѓаните се израдуваа на снегот кој ги покри улиците.
Во Скопје започна чистењето на улиците, тротоарите и велосипедските патеки низ сите општини.

Ова е втор снег на кој скопјани се радуваат во новата година, иако претходниот се стопи релативно брзо.

Претходно, од „На точак“ побараа градските и општинските власти да ги чистат пешачките и велосипедските патеки подеднакво ревносно како што ги чистат коловозите. Од голем број градови и општини објавија дека нивните екипи се на терен и ги чистат улиците и тротоарите.




Видео на денот