ФОТОГАЛЕРИЈА | Неверојатна убавина во Железница: Дворот на Митко и Снежана не може да се опише со зборови!

Фото: Приватна архива

Во североисточниот дел на Македонија, на два километри од Кратово, се наоѓа селото Железница. А во селото, веројатно најголема атракција е впечатливиот двор на Митко и Снежана Трајковски. 

Митко и Снежана се работници во фабрика за производство на сунѓер, а Митко се занимава и со тапетирање на мебел. Но по работното време, си имаат втора работа – уредување, но и уживање во нивниот преубав двор.

Велат дека цвеќињата и самиот двор им се голем мерак.

– СО СОПРУГАТА СÈ ШТО МОЖЕМЕ, СÈ САДИМЕ, НИ ВЕЛИ МИТКО, СЕКОЈА СЛОБОДНА МИНУТА ВО ДЕНОТ ЈА МИНУВАМЕ ВО УЖИВАЊЕ ВО ОВАА УБАВИНА.

 

Глетката е неверојатна! Сигурни сме дека ќе ви го разубавиме денот со фотогалеријата. 

Инаку, Митко е член на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави…

Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот