ФОТОГАЛЕРИЈА | Неверојатна убавина во село Сушица: Раскошна цветна приказна на Сашко Стојанов

Фото: Приватна архива
Сашко Стојанов има преубав двор кој се наоѓа во струмичкото село Сушица. Толку е убав дворот што просто не можеш да не сопреш тука, и длабоко да воздивнеш! Ах, каква убавина!
Сашко вели дека е голем љубител на цвеќиња и секогаш кога ќе добие некоја инспирација му прави задоволство да си го уредува дворот со цвеќиња. 
Дворот се протега на 100 квадратни метри, а го красат најразновидни видови цвеќе и растенија.
– За одржување на овој двор потребни се околу три часа секој ден, ни вели Сашко и додава: Најголем предизвик во одгледување на цвеќиња е самата убавина која ти ја смирува душата кога си со цвеќето.
На нашиот соговорник сите цвеќиња му се омилени, зашто, вели, секое си е убаво на свој посебен начин.
Зиме пак, оние цвеќиња кои имаат можност да замрзнат, Сашко ги заштитува во домашни услови.
Го замолуваме за совет за оние читатели кои сакаат да почнат со одгледување цвеќе и уредување на дворче или балконче. 
– Само љубов да се има за цвеќињата и можат да почнат да одгледуваат цвеќиња според наложувањето на условите кадешто живеат, советува Стојанов.

Инаку, Сашко е член на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…

Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот