ФОТОГАЛЕРИЈА | Лидија Георгиева – Колекција ПЕЈСАЖ БР. 22: Одговорен однос кон планетата и животната средина

Фото: Принтскрин / Instagram

Пејсаж бр. 22 е колекција произлезена од потребата да се истражи влијанието на современата технологија во корелација со недостатокот од потребната доза на природа во нашето секојдневие.

Дигиталниот свет е место во коешто поминуваме сè повеќе време, па дури и кога се наоѓаме во природа, нашето доживување е испреплетено и придружено со социјалните мрежи и користење на новите технологии. Па така, пејсажите кои ги гледаме во текот на денот, се сè повеќе дигитални одколку реални. Гледаме наши и туѓи фотографии од разни патувања, во потсвеста дефилираат слики од минатото, сегашноста, бајките, сериите, филмовите, видео игрите, не сме веќе сигурни дали има граница со реалноста, линиите се нејасни.

Фото: EXPO / Лидија Георгиева – колекција ПЕЈСАЖ БР. 22
Лидија Георгиева – колекција ПЕЈСАЖ БР. 22
Лидија Георгиева – колекција ПЕЈСАЖ БР. 22

Во оваа реална/нереална игра, пејсажите се измислени, сонувани, шумски, со звуци, мириси, растенија, животни и главни ликови кои можеби постојат, а можеби и не. Тука се преку отпечатоците карактеристични за стилот на брендот, везените флорални мотиви, рачно плетените дизајни, архивски корали и разни други камчиња.

Лидија Георгиева – колекција ПЕЈСАЖ БР. 22

Приказната е збогатена со стилизиран вез инспириран од орнаментиката на старословенските ракописи, поточно елемент од Псалтир со последование, коj датира од 16ти век. Тој мотив е во континуирана истрага и се појавува и во претходните креативни авантури на брендот.

Колекцијата е работена според принципите на слоу – фешн, знаејќи дека е неопходно во иднина дизајнот да се одвива во рамките на одговорен однос кон планетата и животната средина. На секој дизајн е посветено особено внимание…

Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк

Видео на денот