ФОТОГАЛЕРИЈА | Изложба на плакати на Скопски џез фестивал

Фото: Принтскрин / Instagram

Посебната инспирација за изложбата е новото ремек-дело на Славимир Стојановиќ Футро, плакатот за годинешното, јубилејно, 40. издание на Скопскиот џез фестивал.

По повод одбележување на јубилејот 40. Скопски џез фестивал, вчеравечер во Младински културен центар – Галерија МКЦ, се отвори изложба на плакати на Скопскиот џез фестивал под наслов „Complicate Simply!”. Станува збор за селекција од 24 креативни решенија за плакат, без хронолошки редослед, според организаторите на Скопски џез фестивал, најдобрите во долгата историја на фестивалот.

Малку познат факт е дека Скопскиот џез фестивал е македонски бренд со убедливо најголем број значајни награди, преку четириесет, на светските маркетиншки фестивали, вклучувајќи и „Гранд при“ на најпознатиот, во Кан.

Визуелниот идентитет на Скопскиот џез фестивал му обезбеди препознатливост и исклучителен рејтинг во светот. Не само со плакатите, туку и со видео клиповите – анимираните или оние работени на филмска лента, со монографиите, програмските каталози и со календарите – единствени во светот од тој тип. Куратор на изложбата е Небојша Гелевски – Бане.

Изложбата ќе биде отворена за посетителите до крајот на фестивалот, односно до 24 октомври.

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА ОД ОТВОРАЊЕТО НА ИЗЛОЖБАТА…

Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот