Скопје денес, колку ѓубре во контејнер, три пати повеќе надвор од него

Фото: Контејнери ѓубре

Скопје изгледа вака цел викенд. Целиот хаос започна на 7 јули, поради отпуштањето на дел од работниците во Јавното претпријатие Комунална хигиеена. Оттогаш вработени започнаа протест, поради што трпи процесот на одржување на хигиената во Град Скопје.

Вработените бараат зголемување на платите, К-15 и бенефициран стаж.  Протест пред ЈП КХ Скопје имаше и вчеравечер, а состојбата беше тензична. Вработените и скандираа „Оставка, оставка“ на директорката Косана Мазнева, а таа им се обрати со прашањето: „Дали вие вечер ќе работите?” Додека бараа оставка, директорката им рече: „Ваше право“, а еден од нив и’ врати: „Ние сме 200 души, ти си една“.

Денес, градоначалниците и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ заедно ќе побараат од Советот на Град Скопје да го укине ЈП Комунална хигиена…

Бидејќи градот два дена се гуши во смет, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ вечерва се самоорганизираа и со помош на комунални служби од другите градови од Македонија излегоа вечерва да го чистат натрупаниот смет и ѓубре на улиците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот