ФОТО Инаугурација и свечена заклетва на Ердоган во Анкара

35
Фото ЕПА/ЕФЕ

Реизбраниот претседател на Турција ја положи свечената заклетва и со тоа започна неговиот нов петгодишен мандат. Тој најави нов почеток за Турција, со воведувањето на претседателскиот систем.

Ердоган најавува економски, политички и социјален прогрес на државата и напредок во областа на демократијата, човековите права и слободи, како и големи домашни и странски инвестиции.

Ердоган ја вршеше функцијата премиер од март 2003 до август 2014 година, кога ја презема функцијата претседател.

Иако турскиот претседател има право на само два мандати, овој што почна денес на Ердоган ќе му се смета за прв поради усвојувањето на новиот устав, благодарение на што на функцијата претседател би можел да остане до 2028 година.

Фото ЕПА/ЕФЕ
Фото ЕПА/ЕФЕ
Фото ЕПА/ЕФЕ
Фото ЕПА/ЕФЕ
Фото ЕПА/ЕФЕ
Фото ЕПА/ЕФЕ
Фото ЕПА/ЕФЕ