ФОТО | Ѝ го убил братот, одлежал 32 години, па ја оженил: Бракот за кој зборува целиот свет!

Кристал Штраус се омажила за човекот кој е прогласен за виновен и затворен за убиството на нејзиниот брат, години откако таа првпат му напишала дека му простила додека тој бил во затвор.

Кристал се омажила за Џон Тиедјен (57) во својот дом, откако викендов тој бил пуштен на слобода поради повторното судење во Охајо.

Тиедјен помина 32 години зад решетки откако бил прогласен за виновен за убиството на Брајан Мекгари во јуни 1989 година.

Брајан бил полубрат на Кристал и најдобар пријател на Џон. Тие двајца живееле заедно кога Брајан имал 15 години и биле цимери. Брајан бил пронајден мртов со убодни и прострелни рани во својата спална соба на 18-годишна возраст. Меѓутоа, по децении зад решетки, Џон, кој тврди дека е невин, добил ново судење.

Тој е пуштен со кауција, а неговото повторно судење е закажано за овој месец, откако неговиот правен тим доставил нови докази во форма на фотографии. Адвокатката на одбраната Кимберли Кендал Корал рекла: „Судијата одлучи дека доколку доказите се достапни, исходот од судењето ќе биде поинаков“.

Снимката од церемонијата на младенците беше објавена на профилот на Инстаграм на адвокатката на Џон, која воедно била и матичар.

Кристал изјавила: „Очигледно го сакам. Да не го сакам, немаше да бидам тука со него.“ Тиедјен изјави за „Њуз5 Кливленд“ рекол дека ја сака Кристал „со сето свое срце“.

Тиедјен ја запросил Кристал телефонски, на новогодишната ноќ минатата година, кога парот се исплашил дека тој никогаш нема да излезе од затвор.

Нивната венчавка се случила неколку години откако Кристал му напишала писмо на Џон, велејќи дека му простила.

Тој рекол: „Ѝ напишав писмо и реков: „Јас не го направив тоа. Погледнете ги овие работи“. И јас верувам во Бог и знам работи за тоа, но не го направив тоа“.

Кристал првпат му пишала на Џон кога патувала на езерото Ири во 2016 година, но не знаела зошто го испратила писмото. Меѓутоа, тие двајца останале во контакт, пренесува „Вашингтон пост“.

Кристал рекла: „И двајцата имавме нешто заедничко, загубата на Брајан. Почнавме да зборуваме и се појавија искри.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот