ФОТО | „Звуците на срцето“: Посебно кафуле во Белград вработува лица со посебни потреби

Фото: Инстаграм, „Звуците на срцето“

Кафулето „Звуците на срцето“ во Белград не е како сите останати кафулиња. Покрај вкусно кафе, тука ќе бидете послужени и со доза хуманост и искрена насмевка на вработените.

Имено, кафулето „Звуците на срцето“, кое се наоѓа во белградската населба Врачар, е отворено од страна на активистите од хуманитарната организација „Детско срце“. Тие вработуваат млади лица со посебни потреби и со тоа придонесуваат за нивно вклучување во општеството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zvucisrca (@zvucisrca)

Цената на кафето и останатите пијалоци од менито не е фиксна, туку гостите можат да остават сума по нивна желба во специјална кутија за донации.

„Кафето е убаво и вкусно. Не знам дали го имам тој впечаток поради самото кафе или поради позитивната енергија и љубовта со кое е направарено“, велат дел од гостите кои веќе го посетиле кафулето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zvucisrca (@zvucisrca)

„Со отворањето на кафулето им овозможивме на луѓето со посебни потреби да ги срушат предрасудите за себе и да им покажат на другите дека не се товар на заедницата, туку нејзини активни членови“, велат од хуманитарната организација „Детско срце“.

Искрено се надеваме дека наскоро ќе добиеме слично кафуле и во некој од македонските градови. Идејата е прекрасна!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот