#ЗоштоНеПријавив: На скопските улици одекнува вистината за насилството врз жените во Македонија

„Ми беше шеф“, „Не сакав да верувам дека се случило“, „Затоа што беше политичар од партија на власт и знаев дека нема поента“, „Ми беше другар“, „Ми се закани со отказ“, „Не и верувам на полицијата“, „Мајка ми ми кажа да не кажувам на никој“, „Зошто знам дека е џабе“… Ова се само дел од анонимните пораки испишани на хартија од жени кои се жртви на насилство, кои можете да ги забележите низ центарот на Скопје.

Иако во јавноста се верува дека само необразовани мажи од рурални средини ги тепаат жените, во интервју за Слободен печат, претседателката на Организацијата на жени на Град Скопје, Танка Дилевска ни откри дека кај нив се обраќаат и жени на познати функционери, од кои една жена на градоначалник дошла претепена. И не е единствена.

– На СОС линијата 15 700, која функционира веќе 29 години, секој ден имаме околу 8 пријави, од кои 5 секогаш се во ноќните часови, по што, доколку се работи за телесна повреда секогаш ѝ излегуваме во пресрет на жртвата. По направен лекарски преглед, жртвите на семејно насилство ги сместуваме во нашиот шелтер центар каде што имаат можност да останат од 1 до 12 месеци. Од почетокот на 2019 година во шелтерот се сместени 10 жени и 12 деца, а лани беа сместени 30 жени и 18 деца. Но, проблемот се јавува по напуштањето на шелтерот, кога 80 проценти од жртвите се враќаат кај насилникот, поради економската зависност од мажот – објаснува Дилевска.

Фотографиите што ги проследуваме доаѓаат од можеби најмоќната герила акција на феминистичкиот портал Медуза. Девојките ги охрабрија жените во Македонија на парче хартија анонимно да одговорат на едно кратко, но длабоко прашање: „Зошто не пријави?“. Погледнете ги одговорите:

View this post on Instagram

ЗОШТО НЕ ПРИЈАВИВ? ? @meduzaplatform ⚡️ Иако во јавноста се верува дека само необразовани мажи од рурални средини ги тепаат жените, претседателката Tомка Дилевска, ни откри дека во Шелтер центарот се обраќаат и жени на познати функционери, од кои една жена на градоначалник дошла претепена. И не е единствена. На СОС линијата 15 700, која функционира веќе 29 години, секој ден имаме околу 8 пријави, од кои 5 секогаш се во ноќните часови, вели таа. Додека бевме таму, заѕвони линијата за помош…⁣⁣ ⁣⁣ ⚡️ Во Македонија, само во првите 9 месеци од 2019 година, пријавени се 709 кривични дела од областа на семејното насилство, од кои, 610 биле жени жртви. Семејното насилство и насилството врз жени несразмерно повеќе ги погодува жените, токму поради тоа што се жени, информираат од Хелсиншкиот комитет на Република Македонија. Според податоците од ОН, поразителни се бројките за насилството врз жените и девојчињата во светот, кои покажуваат дека секоја трета жена и девојче биле жртви на физичко или сексуално насилство, најчесто од страна на партнерот. Од таму потенцираат дека истражување на ОБСЕ покажува дека „само два отсто од жените кои доживеале насилство од сегашен партнер, го пријавиле во полиција, како и дека тоа зборува дека бројката на жени кои трпат насилство е многу повисока од официјалните статистики.⁣⁣ ⁣⁣ ⚡️ Најголеми жртви на сексуално и физичко насилство, според податоци добиени од ХОПС-опции за здрав живот се сексуалните работнички. Покрај малтретирањата кои ги трпат од нивните клиенти, тие се единствените кои трпат насилство, малтретирање од омраза од луѓе кои не ги познаваат, само поради изборот на нивната професија. Пример кој го посочуваат од ХОПС што не би смеел да се повтори е нападот на млада сексуална работничка од пред десетина дена, во кој жртвата била ограбена, исечена по двете раце и силувана.⁣⁣ ⁣ ⚡️ Меѓународниот ден за борба против насилство врз жените го означи отпочнувањето на 16 дена активизам во паркот на жената борец, кој започна во понеделникот со слоганот „#НемаОправдување – заедно против насилството врз жените и девојчињата“. Кампањата ќе заврши на Меѓународниот ден на човековите права, на 10 декември 2019.

A post shared by СП. (@slobodenpecat) on

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот