ФОТО | Зоолошката градина доби нови жители: После џуџестите крокодили, пристигнаа и патагониските мари

Зоолошката градина во Скопје од денеска има нови жители, а станува збор за патагониските мари, кои се јужноамерикански глодари од патагониската област во Аргентина.

„Патагониските мари се нови жители на Скопје Зоо. За првпат, Скопје е дом на овие јужноамерикански глодари кои потекнуваат од патагониската област во Аргентина. Често ги нарекуваат и патагониски зајак поради сличноста со ова животно. Тие се едни од најголемите глодари и се познати по нивниот специфичен изглед. Моментално се во карантин, поради адаптација на новата средина“, напишаа од Зоолошката градина на Фејсбук.

Скопската зоолошка градина вчера за првпат стана и нов дом на џуџести крокодили, нешто што пријатно ги изненади нејзините редовни посетители.

ФОТО: Скопската зоолошка градина за првпат стана дом на џуџести крокодили

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот