ФОТО | „Златна божица“: Оскаровката Гвинет Палтроу позираше гола за својот 50-ти роденден

Гвинет Палтроу
Гвинет Палтроу / Фото: Принтскрин/Инстаграм/goop

Актерката Гвинет Палтроу позираше гола прекриена со златна пудра за тело за потребите на фотосесијата инспирирана од „Goldfinger“ во чест на нејзиниот 50-ти роденден.

„Знам само дека ме бојадисуваат со злато и морам да бидам гола. Се чувствувам толку добро што наполнив 50 години, а ова е израз на она чувство на енергија и оптимизам што го чувствувам“, рече Палтроу за време на снимањето за нејзиниот бренд „Goop“.

Гвинет Палтроу
Гвинет Палтроу / Фото: Принтскрин/Инстаграм/goop

Фотографот Ендру Ји направил неверојатни фотографии, додека славната шминкерка Лоти имала задача да ја претвори Палтроу во „златна божица“.

„Мислам дека стареењето е всушност убава работа. Треба само да ги отвориме нашите перцепции. Како што станувате се повеќе од она што сте, во интегритетот, вашиот живот навистина се отвора“, рече актерката.

Гвинет Палтроу4
Гвинет Палтроу / Фото: Принтскрин/Инстаграм/goop

Во пресрет на нејзиниот роденден, актерката на социјалните мрежи ги сподели своите размислувања за новиот период во животот.

„Моето тело е мапа на докази на сите денови… Збирка ознаки и неправилности кои претставуваат поглавја. Лузни од изгореници од рерната, скршен прст во прозорецот, раѓање… Сребрена коса и фини брчки. Сонцето ги остави своите небесни отпечатоци насекаде по мене“, изјави оскаровката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот