ФОТО | Зимска идила: Тамара Тодевска ужива со Хана и Дарен во снежното Маврово
Македонската пејачка Тамара Тодевска максимално ги користи слободните денови за да поминува квалитетно време со децата, ќерката Хана и синот Дарен.
Музичката ѕвезда сподели неколку фотографии на својот инстаграм-профил и им покажа на своите обожаватели како го поминува овој викенд уживајќи во снегот кој падна на повисоките места низ Македонија.
Тамара овој пат одлучи да се одмори и забавува со своите деца во снежното Маврово. На фотографиите може да забележиме дека децата се особено среќни додека си играат со снегот.
Инаку, во петокот Тамара и двете деца Хана и Дарен, кои ги има со поранешниот сопруг, Александар Димитровски Мачка, присуствуваа на свадбената прослава со која Мачка и Едина Муса ја крунисаа својата љубовна врска. Тамара на својот инстаграм-профил сподели фотографија од двете деца со натпис: „Спремни за кај тато на свадба“.
ФОТО | Празници се ближат: Тамара Тодевска и оваа година го „скрши“ мразот, Хана и Дарен пресреќни