ФОТО | „Жени, што да Ви каже човек, кога Вие и онака знаете апсолутно сè“ : Игор Џамбазов честита во свој стил

Фото: Игор Џамбазов

Омилениот актер и шоумен на многу генерации, Игор Џамбазов, на Инстаграм постојано објавува фотографии и кратки видеа од неговиот приватен живот, спомени од минатото, фотографии и пораки посветени на семејството, колегите и пријателите.


На популарната социјална мрежа Инстаграм актерот го следат повеќе од 100.000 следбеници, а во споредба со инфлуенсерите во нашата земја тоа е сериозна бројка. Актерот им го честиташе денешниот празник на жените во негов стил.

„Жени, што да Ви каже човек кога Вие и онака знаете апсолутно сè. Среќен 8ми март!“, стои во објавата на неговиот инстаграм профил.

Неодамна за „Слободен печат“, актерот откри дека неговиот нов мал рај е селото Стрезовце, во близина на Куманово, каде што претстојува во моментов. Во брвнарата во која ги поминува деновите, Игор Џамбазов вели дека се вљубил на прв поглед, како и во целата околина во која го наоѓа својот мир. За жал, Игор веќе не е со неговата голема љубов, алпинистката и уметник Илина Арсова.

Илина пред неколку месеци замина во Америка на докторски студии, а далечината помеѓу нив си го направила своето.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот