ФОТО | Згоден гробар измамил вдовици за 230.000 евра: Им нудел сексуални услуги, па ги ограбил

Судот во Росток, Германија, го осуди 49-годишниот Енрике Б. на три години и десет месеци затвор, бидејќи оштетил три жени за околу 230.000 евра.
Пресудата во салата ја следеле бројни бизнисмени и приватни лица кои велат дека Енрике Б. финансиски ги измамил, па се очекува да следи натамошна судска постапка за други измами направени од него, пишува магазинот „Феникс“.
Во судницата на денот на пресудата имало и бројни претставници на медиумите и гледачи кои дошле да го видат „атрактивниот гробар кој ги измамил ужалените жени“.
Како што пренесуваат германските медиуми, Енрике Б. е гробар со атрактивен изглед, а своите жртви, односно жени, ги „ловел“ во чувствителен момент додека тагувале, ја добил нивната доверба, а потоа им ветил заедничка иднина и потоа финансиски ги измамил.
Станува збор за измама во 11 случаи, штета од околу 230.000 евра и три жртви кои конечно сакаат да го видат Енрике Б. од Росток во затвор.
Жртвите за германскиот РТЛ изјавиле дека наседнале на приказната на згодниот гробар. Сите биле осамени, а тој ја добил нивната доверба.
Rostock: Prozess gegen Bestatter – Frauen mit Sex um Geld betrogen? https://t.co/uw93S99OKl pic.twitter.com/tdC9KBcVFB
— Ostsee-Zeitung (@OZlive) May 2, 2023
Жените го обвиниле дека намерно барал нивна блискост, дека ги форсирал на интимна врска, ветувал заедничка иднина, за потоа финансиски да ги оштети.
Една од измамените жени (63) изјавила дека Енрике е човек кој се преправал дека ја сака, но подоцна безмилосно ја ограбил.
И двајцата подобро се запознале по смртта на нејзиниот сопруг во 2019 година, за кремирањето и за се што е важно околу погребот се погрижил Енрике Б.
„Тоа беше навистина екстремна ситуација. Тоа е голем предизвик за мене. Бев среќна кога ми понуди помош бидејќи морав да направам се сама”, рекла оштетената вдовица.
Жената рекла дека Енрике бесрамно ја искористил смртта на нејзиниот сопруг.
.