ФОТО: Заврши сезоната за Миовски со повреда на зглобот, добрата вест е дека нема скршеница

Во натпреварот од шкотското фудбалско првенство екипата на Абердин триумфираше над Сент Патрик со 3:0 и го обезбеди местото во Европа.
На овој меч Бојан Миовски по само 34 минути игра мораше да го напушти теренот бидејќи грубо беше фаулиран од фудбалерот на Сент Патрик, Тјери Смол.
По завршувањето на натпреварот се огласи македонскиот репрезентативец кој вели дека има повреда на зглобот, добрата вест е дека нема скршеница, а по дополнителните прегледи на лигаментите ќе се знае колкав период ќе биде надвор од терените.
– За жал, предвреме ја завршив сезоната со повреда на зглобот, а добрата вест е дека нема скршеница. Во четврток ќе имам дополнителни прегледи на лигаментите. Ви благодарам на сите за пораките, ќе се вратам посилен – стои во објавата на Миовски.

Миовски имаше одлична прва сезона во дресот на Абердин, во шкотската Премиер лига запиша 16 голови и две асистенции во 37 настапи.
Повредата на нашиот напаѓач е лоша вест и за селекторот Благоја Милевски пред новите натпревари на македонската А репрезентација следниот месец во квалификациите за ЕП 2024.
На 16 јуни во Скопје нашите најдобри фудбалери ќе играат против Украина, а три дена подоцна противник им е Англија на „Олд Трафорд“ во Манчестер.
ФОТО | Саутгејт го објави списокот на фудбалери за натпреварот со Македонија