ФОТО | Завои и крв: Бела Хадид ги загрижи обожавателите со вознемирувачки фотографии

Фото: Скриншот/Инстаграм

Познатата манекенка Бела Хадид ги загрижи своите обожаватели откако во понеделникот сподели неколку вознемирувачки фотографии на својот инстаграм-профил. Тоа ги поттикна да се запрашаат: „Што се случува со неа?“.

Според „Дејли мејл“, 26-годишната манекенка објавила фотографија на која седи на кревет во болничка соба, со завој околу десната рака и фластери на грбот.

Фото: Скриншот/Инстаграм

На следната фотографија се гледаат нејзините нозе покриени со големи, темни модринки, додека на третата фотографија е прикажан шприц исполнет со крв.

Фото: Скриншот/Инстаграм
Фото: Скриншот/Инстаграм

Манекенката неодамна се врати од своето патување во Катар, каде каде скокна со падобран со своето момче Марк Калман.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid)

Последното јавно појавување на Бела Хадид се случило во саботата, во Санта Моника. Папараците ја сликале додека се упатувала кон студио за да снима фотосесија.

Најдоброто од модната недела во Париз: За помалку од 10 минути креиран фустан на телото на Бела Хадид

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот