ФОТО | Затворено стрелиште поради неовластена продажба на муниција, приведени три лица

Фото: Министерство за внатрешни работи

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, ЕНТ ОНТЕМ и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска сопреле две патнички моторни возила и при извршениот преглед кај Н.М. (40) се пронајдени 200 куршуми калибар 7,62 милиметри, а во другото возило кај лицето Е.Х. (48) се пронајдени се 100 куршуми калибар 9 милиметри.

Како што информира МВР, двете лица се приведени и против нив ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик.

– Во координација со Секторот за оружје при Одделот за граѓански работи извршена е контрола во цивилно стрелиште во Гази Баба, за кое е утврдено дека вршело неовластена продажба на муниција. Приведено е одговорното лице И.Р. (41) и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик, а стрелиштето ќе биде запечатено, се додава во соопштението на МВР.

Фото: Министерство за внатрешни работи
Видео на денот