ФОТО: Затвореник го убил цимерот што ја силувал неговата сестра

Фото: Unsplash

Затвореникот Шејн Голдсби (26) е осуден на дополнителни 25 години затвор за убиство на цимерот, осуденик што ја силувал неговата сестра.

Голдсби во јуни 2020 година го претепал до смрт Роберт Мангер (70), кој во затворот во Вашингтон издржувал 43-годишна казна поради педофилија и силување деца.

Голдсби на судот објаснил дека полудел откако Мангер почнал да се исмева и да му зборува за тоа како ја силувал неговата сестра.

Голдсби го нападнал Мангер, кој го задевал со детали за силувањето, за кои подоцна се покажало дека се вистинити, пренесува „Њујорк пост“.

Голдсби, кој беше осуден за кражба на полициски автомобил и возење низ градот, побарал преместување во друга ќелија за да избегне конфликт, но од затворската управа рекле дека не знаеле дека постои врска помеѓу затворениците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот