ФОТО | „Заслужен одмор“: Кристијано Роналдо ужива на луксузна јахта со своето семејство
Славниот фудбалер Кристијано Роналдо и неговата свршеница Георгина Родригез со своите обожаватели ширум светот споделуваат моменти од одморот на кој уживаат на јахта со своите деца, која, барем за момент, е закотвена во неговата родна Мадеира, пишува британскиот „Сан“.
Откако со години изнајмуваше луксузни јахти за неговото многубројно семејство и драги пријатели, еден од најпознатите фудбалери на сите времиња, Португалецот Кристијано Роналдо минатата година купи сопствена јахта.
View this post on Instagram
Станува збор за суперјахта „Азимут Гранде“, која тежи неверојатни 93 тони, има пет луксузни спални соби и шест бањи. Имено, Кристијано Роналдо за истата искеширал 5,5 милиони фунти.
View this post on Instagram
А, како изгледа внатрешноста на оваа луксузна суперјахта, веќе многу пати е откриено од фудбалерот, но особено од неговата свршеница, 27-годишната Георгина Родригез, која често објавува фотографии на својот инстаграм-профил.
View this post on Instagram
Откако Португалија го заврши своето учество на овогодинешното европско првенство, Роналдо и Георгина, како и неговите четири деца, веднаш заминале на јахта и моментално уживаат на својот одмор. На оваа суперјахта тие имаат апсолутно се што сакаат и да го направат својот престој што е можно попријатен.
View this post on Instagram