ФОТО | Запознајте ја Наталија Полошенко – „Машина“: Украинска полицајка со неверојатна физичка форма

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Наталија Полошенко од Киев ги преплави страниците на украинските веб-страници и социјалните мрежи и сето тоа благодарение на нејзината убавина, физичка подготвеност, како и работата со која се занимава.


Наталија е родена во малиот град Коростен во Житомирската област, а работи како припадник на специјалните сили на украинската полиција. Поради нејзината физичка спремност а го носи прекарот „Машина“.

Освен местото на раѓање, малку се знае за детството на Наталија, освен што на социјалните мрежи беше споделена фотографија од 2015 година на која може да се види една кревка и симпатична девојка во матурски фустан, а ништо не навестуваше дека за неколку години таа целосно ќе го промени физичкиот изглед.


Во меѓувреме, таа започнала посериозно да се занимава со спорт и бодибилдинг, освои престижни награди во бокс и карате, а притоа е репрезентативка на Украина во влечење јаже.


Наталија минатата година почнала да служи во специјалните бригади и е многу посветена на работата што ја работи, пренесува украински Телеграф.


Нејзините претпоставени велат дека повеќе пати се докажала како одговорен и посветен работник, учествувала во апсења на голем број криминалци и други задачи од висок безбедносен ризик, а за извршување на својата работа била наградена со благодарност од Главната управа на Националната полиција во Киев.


Поради убавината и атрактивниот изглед, многумина ја споредуваат со германската полицајка Адријана Колесар, која важи за една од најубавите девојки во оваа професија, со тоа што, за разлика од Колесарова, Наталија Полошенко ги почитува правилата и не објавува крајно провокативна содржина.


Судејќи според нејзините објави на социјалните мрежи, редовните тренинзи како и специјализираната диета и помагаат да одржи неверојатна физичка форма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот