ФОТО | Запознајте ги децата на Сара Џесика Паркер: Синот од оваа година е бруцош

EPA
Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Познатата актерка Сара Џесика Паркер, или попозната како Кери Бредшо од серијата „Сексот и градот“, на својот инстаграм – профил сподели фотографии од нејзините три деца.

И додека сите зборуваат за продолжението, кое веќе се снима на улиците во Њујорк, ретко кој ги знае деталите за приватниот живот на актерката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SJP (@sarahjessicaparker)


Sвездата од серијата „Сексот и градот“ и нејзиниот сопруг Метју Бродрик никогаш не ги покажуваат децата, но овој пат актерката направи исклучок и сподели фотографии на својот инстаграм – профил.

Во описот на фотографијата на нејзините деца, Сара објасни дека нивниот син започнал со студии, а нивните ќерки – близначки почнуваат со седмо одделение. Актерката истакна дека децата растат и нивното семејство се менува, но сепак, љубовта не недостасува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SJP (@sarahjessicaparker)


„За само 7 дена: Едниот стана бруцош на колеџ, другите две отидоа во седмо одделение“. Куќата е поинаква. Ние сме различни. Потребни сме им повеќе, но и многу помалку. Љубов, љубов, љубов“, напиша Сара во описот на објавата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот