ФОТО: Запознајте ги 70-годишните идентични близначки кои се најстарите сексуални работнички во Амстердам

луиза и мартина фокен амстердам
ФОТО: Инстаграм

Луиса и Мартина Фокенс се сестри, Холанѓанки и 70-годишни идентични близначки кои апсолутно не се вклопуваат во стереотипот за сексуални работнички на прозорец во Амстердам, но сепак тоа е нивната работа. Мнозинството жени кои работат во најогласената „јавна куќа“ во Европа се млади, „објективно“ привлечни и доаѓаат од други места во светот.

Познати како „најстарите девојки од прозорците“ во Амстердам, Луиса и Мартина имаат скоро 100 години искуство проституција меѓу нив. Тие биле и тема на добро прифатен филм со соодветно име „Meet the Fokkens“. Сестрите се облекувале и зборувале идентично и често зборувале истовремено.

„Мојот сопруг ме тепаше на улица кога имав 20-тина години“, му рекла Луиса на новинарот од „The Guardian“ кога се сретнале. „Тој ми рече, освен ако не заработувам пари за него, ќе ме остави, а јас имав деца и го сакав, па морав да го сторам тоа“.

Луиса имала три деца, а Мартина четири деца. Во одреден временски период сите биле дел од згрижувачко семејство. Двете жени во текот на нивниот живот биле жртви на насилство, злоупотреба и експлоатација и првите години на работата биле исклучително тешки. „Ние си правевме друштво“, рекла Луиса. „Но, Мартина треба да продолжи затоа што нема многу пари наоколу“.

Луиса, која ја напуштила проституцијата пред две години поради артритис. „Деновиве има малку Холанѓанки и нема чувство за заедница“. Легализацијата на борделите во 2000 година не го подобрила животот на сексуалните работнички, според мислењето на Мартина. „Нема смисла да се работи само за данок. Затоа девојките работат на интернет и од дома, помалку веројатно е дека ќе ве забележи даночникот. Целото семејство порано живееше од заработката и сега ете ја даночната служба со луди суми што треба да ги платите. Подобро е за макроата и странците, но не и за холандските девојки. Мршојадците дојдоа во 2000 година. Организирани криминалци. Мислеа, легализирано е. Сега сме добро”, рекла таа.

„Подоцна им требаше чистачка во борделот и Мартина ја презеде работата, а мажите ја побараа за бизнис“, рекла Луиса. „Така започнавме да правиме тројки и така завршивме заедно во иста куќа“. „Дали на Луиса и беше полесна работата со Мартина покрај себе?“, прашал новинарот.  „О да“, рекле едногласно. “Ние сме секогаш заедно. Сè правиме заедно”.

Видео на денот