ФОТО: Запленети цел арсенал бомби, пиштоли и пушки во нашето соседство

Припадници на Министерството за внатрешни работи во Шабац, западна Србија, го уапсија С. К. роден 1957 од околината на Шабац поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело недозволено производство, држење, носење и трговија со оружје и распрскувачки материи, соопшти српската полиција.

Фото: МВР Србија

При претрес на станот и на другите простории на осомничениот, полицијата пронашла четири рачни гранати, два пиштола, пушка од мал калибар, пет различни рамки. С. К поседувал и 1.568 парчиња муниција за пушка и пиштол од различен калибар како и 20 ловечки касети.

Фото: МВР Србија

На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа. Се очекува да биде изведен пред Вишото јавно обвинителство во Шабац.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот