ФОТО: Запленет кокаин во Кичево

Сто грама кокаин и други предмети заплениле вчера полицајците во Кичево, при што привеле едно лице.

-Во рамките на засилените активности на Министерството за внатрешни работи за сузбивање на недозволената трговија со дрога, во координација на Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи вчера во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево приведоа дилер и беа запленети над 100 грама кокаин и други предмети, соопшти МВР.

Полициските службеници вчера околу 20:20 часот на бул. „Ослободување” во Кичево запреле возило „цитроен”, со тетовски регистерски ознаки, управувано од И.Б. (38) од истиот град.

При извршен преглед над И.Б., тој се обидел да фрли пластично топче во кое имало осум пакувања со кокаин. И.Б. е приведен во ПС Кичево, а во неговиот дом во Кичево е извршен претрес и притоа се пронајдени над 100 грама кокаин, еден килограм смеса за мешање за зголемување на масата на дрогата, дигитални ваги и други предмети.

Прочитајте и...  Премиерот Заев денеска на суд, ќе сведочи за случувањата од „27 април"

Одземено е возилото „цитроен”, како и возило „порше”. Известен е јавен обвинител од ОЈО Кичево и по документирањето ќе биде поднмесена кривична пријава.

Извор:МИА

Поврзани вести

ВИДЕО+ФОТО: Донација од 13500 брзи ковид тестови од Кралството Норвешка

Слободен печат

Радев повика на смирување на страстите, да не се интегрира билатералниот проблем во ЕУ

Слободен печат

Кипар воведува полициски час од 21 часот

Слободен печат

Николовски: Институции ќе се спојуваат и вмрежуваат, процесот нема да е лесен

МИА Агенција

ВИДЕО+ФОТО | Шекеринска: Не сакаме да бидеме заложници на темните страни на балканската историја

Слободен печат

По коронавирусот во Кина се шири норовирусот: Предизвикува повраќање и дијареа, над 50 деца се заразени

Слободен печат

Остави Коментар

MacedonianAlbanianBulgarian