ФОТО | Замок во Британија се продава за само 35.000 евра – но има еден услов

Фото: Pixabay

Потенцијален купувач би можел да го купи замокот Броу на островот Фетлар поевтино од стан во Британија, но потоа ќе мора да издвои уште 13,8 милиони евра, пишува „Би-би-си“.

Имотот стар 200 години се наоѓа на 40 хектари земја, со украсни кули, двор и заградени градини.

Меѓутоа, инвеститорите се предупредени дека ќе мора да ги покријат трошоците за реновирање на зградата, изградена во 1820 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BBC News (@bbcnews)


Фондацијата основана во 1998 година за да ја зачува зградата бара „претприемач филантроп“ кој би го претворил замокот во одморалиште од светска класа.

Планот предвидува зачувување на постоечките згради и изградба на дополнителни 24 спални соби и ресторан.

Од фондацијата велат дека нивниот план ќе донесе туристи, ќе создаде 14 работни места и ќе донесе економска корист за овој шкотски остров.

Замокот Броу е зграда од национално значење која е заштитена со категорија А и се наоѓа на северозападниот крај на Фетлар.

Изграден е од трговец по име Артур Николсон и се заснова на архитектура што ја видел додека патувал низ Франција, Швајцарија и Италија.

Уникатна градба на островот со само 61 личност, остана празна од 1980-тите кога се исели последната леди Николсон.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот