ФОТО: Зајков е нов фудбалер на украинската Ворскла Полтава

зајков
Македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков од Бугарија се пресели во Украина/Фото: EPA/ADAM WARZAWA

Во текот на денешниот ден беше објавено дека бугарскиот Левски се раздели со македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков.

Нашиот дефанзивец веднаш пронајде нов клуб, станува збор за Ворскла Полтава од Украина, чиј дрес ќе го носи во следните две и пол години.

Зајков веќе тренира со новите соиграчи на подготовките во Анталија и е среќен што ќе биде дел од таков пријателски и амбициозен тим.

– Се надевам дека со моите вештини и искуство ќе помогнам да се остварат клупските цели – се зборовите на Зајков.

Тој е третиот Македонец кој ќе игра за Ворскла, тоа претходно го направија Филип Деспотовски (2008-2010) и Адис Јаховиќ (2013-2014).

Моментно во најсилниот украински шампионат после 18 кола Ворскла се наоѓа на петтата позиција со 33 бодови, 14 помалку зад водечкиот Шахтјор Доњецк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот