ФОТО | „Заглавена сирена“: Георгина Родригез ги „почести“ своите обожаватели со нова секси фотографија

георгина родригез
Фото: Принтскрин / Instagram

Георгина Родригез изминатиов период редовно објавува моменти од летниот одмор кој го поминува заедно со Кристијано Роналдо и децата. Но, на оваа секси фотографија никој не остана рамнодушен.

ФОТО | „Заслужен одмор“: Кристијано Роналдо ужива на луксузна јахта со своето семејство

27-годишната Родригез, ги воодушеви милионите обожаватели на својот инстаграм-профил со својата последна, секси објава.

„Заглавена сирена“, напиша свршеницата на Кристијано Роналдо во описот на црно-бела фотографија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Георгина позира на луксузната јахта лежејќи на стомак на голем кревет свртена со грб кон камерата. Фотографијата отвори прашања кај голем дел од обожавателите кои се прашуваа дали аргентинската убавица е гола, додека пак некои сугерираат дека се гледа дека го носи горниот дел од костимот за капење.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Госпоѓо, дали вие сте човек воопшто?“, „Какви фотографии правиш“, „Леле!“, „Многу си убава“, „Каква јахта“, беа само дел од коментарите под фотографијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Инаку, Георгина неодамна се појави на црвениот тепих на 74. Кански филмски фестивал. За таа прилика, Родригез носеше креација на славниот дизајнер Жан Пол Готје.

Аргентинката ги истакна своите извајани облини во преден план. Фустанот, направен од комбинација на кожа и ткаенина со висок шлиц ѝ стоеше совршено. Но, додека едни беа воодушевени од нејзиниот изглед на црвениот тепих, имаше и такви кои нејзиниот стајлинг го „оценија“ како невкусен и коментираа дека ѝ е премногу тесен особено во горниот дел.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Родригез креацијата ја искомбинирала со сребрени сандали, дијамантски обетки, а секако на раката светкаше нејзиниот веренички прстен. Убавата Аргентинка ја залижала својата црна коса во опашка и носеше минимална шминка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот