ФОТО | Заев: По 50 години се обновува патната врска која ги поврзува убавините на Преспа и Охрид

Фото: Влада на Република Северна Македонија

Премиерот Зоран Заев во рамки на својата работна посета на Охридско-преспанскиот регион изврши увид на реконструкцијата на регионалниот пат Ресен-Охрид, на делницата од Отешево до приклучувањето на патот Охрид-Св. Наум преку националниот парк „Галичица”.

Како што соопшти владината прес-служба, со премиерот Заев на увидот беа и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта „Македонија пат” Беким Мемеди.

– На целата територија на Северна Македонија во тек се интензивни градежни работи на автопатните решенија и на експресните делници, на реконструкција на голем број магистрални и регионални патни правци. Сите овие активности се резултат на силната определба да ја поврземе целата земја, и внатрешно во селата со градовите и надвор кон соседите. Тука сме за да ги одбележиме градежните активности на делот од регионалниот пат од Ресен до Охрид преку Галичица, рече Заев.

Фото: Влада на Република Северна Македонија

Премиерот изјави дека работите на рехабилитацијата предвидуваат отстранување на оштетениот асфалт, корекции на основата на патот и асфалтирање кое Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта го изведува во две фази. Првата фаза е делницата на патниот правец од Царина Отешево до превојот на Галичица во должина од 14,9 километри.

– Вредноста на инвестицијата на оваа делница изнесува 60 милион денари, по што ќе продолжи и реализацијата на втората фаза од превојот на Галичица до приклучувањето на патниот правец Охрид – Свети Наум во должина од 15 километри за што се предвидени уште 60 милиони денари. Станува збор за рехабилитација на исклучително важна делница од регионалниот пат Ресен – Охрид, нагласи Заев.

Освен што ќе се подобри квалитетно патното поврзување меѓу овие два града, како што рече, ќе добиеме современа патна инфраструктура која ги поврзува двата најзначајни туристички центри во земјата – Охридскиот и Преспанскиот.

Фото: Влада на Република Северна Македонија

Според него, со тоа на туристите ќе им се овозможат соодветни современи услови за патување и за посета на туристичките капацитети на двете страни од националниот парк „Галичица”.

– Освен тоа, со рехабилитацијата на патот преку Галичица, туристите и рекреативците ќе добијат лесен пристап до убавините и потенцијалите на питомите предели на планината за активности како што се планинарењето, планинскиот велосипедизам, параглајдерството и другите рекреативни активности и адреналински спортови, рече премиерот Заев, кој на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта и на сите подизведувачи им посака успешна реализација на рехабилитацијата во предвидените рокови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот