ФОТО | Заев: И по вториот изборен круг Росоман ќе остане прогресивна и обединета општина

Зоран Заев во Росоман
Зоран Заев во Росоман / Фото: СДСМ

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска заедно со кандидатот за градоначалник на Општина Росоман, Стојан Николов оствари средба со граѓаните и порача оти општината ќе остане прогресивна и обединета и по вториот изборен круг.

– Во првиот круг водевме со 200 гласа, а во вториот ќе победиме со најмалку 500 гласа, порача Заев.

Во своето обраќање тој посочи дека животот на граѓаните зависи од општините, општинската администрација, училиштата, градинките, комуналните претпријатија и со новите надлежности опфатени со третата фаза на децентрализација, важно е какви градоначалници ќе ги водат општините.

Фото: СДСМ

– Во Росоман го имаме еден од најдобрите кандидати, млад, енергичен човек, упатен, образован, другар, пријател, со огромна љубов и жар да се вгради, натпреварува со другите општини и да биде победник, рече Заев и додаде дека сите крупни прашања на државата се решени и продолжува подигнувањето на економскиот стандард.

Тој додаде дека пензискиот фонд е стабилен и гарантира пензии за сегашните и идните пензионери.

– Од 1 јануари ќе го воведеме и вториот критериум – како растат платите да растат и пензиите. Секој први јануари и секој први јули ќе има покачување меѓу 300 и 700 денари покачување двапати годишно. Субвенциите ги насочивме кон индивидуални земјоделски производители, субвенциите се наплаќаат навремено и се зголемени, најави лидерот на СДСМ.

Заев ги повика граѓаните да гласаат за број 12 со цел да продолжи прогресот и развојот во Општина Росоман, но и во целата држава.

Фото: СДСМ

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот