ФОТО: Заев и Мицкоски повторно на иста маса, но во лабава атмосфера

Лидерите Заев и Мицкоски со амбасадорката Холштајн/ Фото: Слободен печат

Во исчекување на резултатите од изборите за Бундестагот во Германија, во германската амбасада во Скопје на иста маса се најдоа лидерите на двете најголеми партии во Северна Македонија Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

Наместо жешка политичка дебата, овој пат атмосферата е порелаксирана за лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, а покрај нив е германската амбасадорка Анке Холштајн.

Заев и Мицкоски повторно на иста маса/ Фото: Слободен печат

Дел од македонскиот политички врв и дипломатите вечерва во Амбасадата на СР Германија го следат исходот од изборите, после кои во Бундестагот ќе биде избран новиот канцелар на Германија, наследник на досегашната канцеларка Ангела Меркел која оваа функција за извршуваше во последните 16 години.

Според анкетите СПД води со 26 проценти од гласовите, а коалицијата ЦДУ/ЦСУ има 24 отсто од гласовите.

СПД успеа да го подобри резултатот од претходните парламентарни избори за повеќе од пет проценти, додека ЦДУ/ЦСУ загубија поддршка од речиси девет проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот