ФОТО | Заедно на вечера: Дали е ова новото момче на Анџелина Џоли?

анџелина џоли абел тесфаје
Фото: Принтскрин / Instagram

Анџелина Џоли и „The Weeknd“ ги разгорија гласините дека се заедно откако беа забележани заедно на вечера во романтичен ресторан.

46-годишната актерка Анџелина Џоли била забележана како пристигнува во фамилијарниот ресторан на Џорџо Балди во Санта Моника, Калифорнија овој викенд, облечена во црно палто спарено со црни потпетици и чанта од дизајнерот Ив Сен Лоран.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Just Jared (@justjared)


Холивудската ѕвезда која е сред долг и комплициран развод со Бред Пит, со кој имаат шест деца била забележана како пристигнува сама во рестранот, каде поминала повеќе од два часа на вечера со 31-годишниот пејач Абел Тесфаје, попознат под уметничкото име „The Weeknd“.

По заедничката вечера во приватна секција, двојката заминала заедно влегувајќи во црн теренски автомобил кој ги чекал пред италијанскиот ресторан.

Гласините не започнуваат со оваа средба – двојката за првпат беше забележана во јуни во истиот ресторан, а потоа и на тајна средба на приватен концерт во Лос Анџелес во јули, но се шпекулира дали навистина се работи за романтични состаноци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Weeknd (@theweeknd)

Се зборува дека тие не се кријат, бидејќи всушност се работи за бизнис средби. Абел има силна желба да влезе во светот на филмот, глумејќи во нова серија на „HBO“, а Џоли во неколку наврати има изјавено дека веќе подолго време е сама, зголемувајќи ја долгата листа на потенцијални „не“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот