ФОТО | За неа велат дека е најубавата Европејка: Како заносната Романка изгледа без шминка?

Фото: Инстаграм

Убавата Рoманка Мадалина Генеа која живее и работи во Италија, привлекува внимание каде и да се појави, а многумина сметаат дека таа е една од најатрактивните Европејки.


Полна уста, мал нос, истакнати јаболчници, совршени пропорции и облини ја красат Мадалина, а во јавноста секогаш се појавува совршено средена.

Сензуалната и заводлива Мадалина многупати ја споредуваат со легендарната актерска дива Софија Лорен.

И самата Мадалина не крие дека Софија е нејзин идол и инспирација.

Во прилог на тоа, манекенката објавила интересно видео на својот профил, на кое позира во долна облека, а во позадина е токму Софија Лорен.

Инаку, Мадалина е мошне активна на социјалните мрежи, а во една прилика своите следбеници и обожаватели ги почестила со фотографии на кои позира без шминка.


Екипата од Инстаграм која ја следи е воодушевена од нејзиниот изглед, па наведуваат дека шминка дефинитивно не ѝ треба, а многумина тврдат дека таа без шминка е уште поубава. Инаку, секојпат кога Мадалина ќе се појави на црвениот тепих сите присутни ги остава без зборови.

 


Мадалина кариерата ја започнала на само 15 години кога ја открил италијанскиот дизајнер Гатинони. Благодарение на својата убавина и талент, учествувала во многубројни модни кампањи и ревии, но не изгледала отсекогаш така како што изгледа денес.

Сепак, многумина ѝ забележуваат што се подложила на пластични операции.

Како и да е, оваа жена, којашто е една најпосакуваните жени на светот, маѓепсала многу славни мажи.

Пред неколку години по неа „полуде“ и холивудскиот заводник Џерард Батлер, но нивната врска не успеа, како ниту онаа со Леонардо Дикприо.

Мадалина е и горда мајка на девојче кое го добила од врската со романскиот бизнисмен Стратан.

Ја нарекуваат новата Софија Лорен: Мадалина Генеа блесна на црвениот тепих во Венеција (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот