ФОТО: За мала промена на фризурата, Џенифер Анистон доби три и пол милиони лајкови!

youtube/printscreen
youtube/printscreen

Актерката Џенифер Анистон се пофали на својот инстаграм – профил со својата нова фризура за втората сезона на серијата „The Morning Show“.

Откако се приклучи на социјалната мрежа Инстаграм кон крајот на 2019 година, Џенифер Анистон воодушевува милиони фанови со секоја своја објава.

Instagram
Instagram

Ништо поразлично не беше со нејзините најнови фотографии, кои ги објави на социјалната мрежа и со кои објави нешто што нејзините фанови со нетрпение го очекуваа.

„Иии, се вративме“, напиша актерката покрај фотографиите на кои позираше со својот долгогодишен фризер Крис Мекмилан на снимањето на серијата „The Morning Show“, во која глуми со Рис Витерспун.

На фотографиите, Анистон се пофали и со нова фризура за втората сезона на серијата, а иако косата ја освежи само со златни прамени, нејзините фанови забележаа суптилна промена и ја опсипаа со комплименти, но и со повеќе од три и пол милиони лајкови. Тие не ја криеја возбудата заради новата сезона на популарната серија.

Instagram
Instagram

Мекмилан, со кого позираше на фотографиите, се грижи за нејзината коса уште откако ја видовме во „Пријатели“, а тој е одговорен и за легендарната „фризура на Рејчел“, која „полудеа“ милиони жени ширум светот во деведесеттите години.

Наскоро ќе имаме можност повторно да ја видиме Анистон во улогата што и донесе светска слава, а повторното обединување на „Пријатели“, според последните информации, треба да се случи во март оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот