ФОТО: Вучиќ се сретна со македонската фудбалска легенда Дарко Панчев

Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ја искористи посетата во Македонија да се сретне со нашата фудбалска легенда Дарко Панчев.

Вучиќ објави фотографија заедно со поранешниот европски шампион со Црвена звезда и „Златната копачка“ од 1991 година.

– Со македонската и југословенската легенда Дарко Панчев. Чест ми е што успеав да се сретнам со големиот шампион – беше напишано на Инстаграм.

Македонскиот поранешен репрезентативец во големото финале во тогашниот Куп на европски шампиони, во пенал серијата го постигна одлучувачкиот гол од белата точка против Олимпик Марсеј.

Освен за белградските „црвено-бели“, во својата кариера настапуваше уште за Вардар, Интер, Лајпциг, Фортуна Дизелдорф и Сион.

Видео на денот