ФОТО: Втора ноќ полициски час, празни скопските улици

Фото: МИА

Во 22 часот, втора ноќ по ред, почна полицискиот час кој ќе трае до 05 часот изутрина. Во овој временски период движењето е ограничено. Од Министерството за внатрешни работи најавија дека и вечерва ќе има засилени контроли, и апелираа граѓаните да ја почитуваат мерката, а за оние кои нема да го сторат тоа ќе има прекршочни и кривични санкции.

Полицискиот час ќе трае до 22 март. Одлуката завчера ја донесе Владата на предлог од Комисијата за заразни болести како рестриктивна мерка за спречување на ширењето на коронавирусот.

Фото: Слободен печат/ Дамјан Варошлија

Отстапки од забраната за движење ќе има за оние граѓани кои имаат потреба од итна медицинска помош. Одлуката за забрана за движење нема да важи и за патниците кои доаѓаат или заминуваат од меѓународните аеродроми, на кои како дозвола за движење ќе им се признаваат авионските карти.

Оваа отстапка е иста и за патниците во меѓународниот превоз на патници. За транспортерите на лица и на стока како дозвола ќе се прифаќа патниот налог, додека транспортерите што транзитираат ќе имаат обврска најмногу за 3 часа да ја напуштат земјата од еден на друг граничен премин.

Фото: Слободен печат/ Дамјан Варошлија

За останатите граѓани, движењето во периодот од 22 часот до 05 часот ќе биде дозволено само со дозволи. Ќе важат истите дозволи кои важеа и минатата година кога беше воведен полициски час. На оние кои ги изгубиле дозволите, Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) ќе им издаде нови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот