ФОТО | Временски приказ на врската на Џенифер Лопез и Бен Афлек: Како се случи Бенифер 2.0

бен афлек џенифер лопез
Фото: Принтскрин / Instagram

Бенифер беше еден од најславните парови на раните 2000-ти. Нивната романса се одвиваше баш во периодот кога таблоидите земаа замав, па често беа ѕвезди на насловните страници. Постојаната медиумска покриеност, според нив  ја инспирирала нивната разделба.

Бен Афлек и Џенифер Лопез ја раскинаа врската во 2004 година, кога ја прекинаа својата двегодишна веридба. Оттогаш поминаа 18 години, а холивудските заводници се позаљубени од што беа пред скоро две децении.

Instagram
Фото: Instagram

Раѓање на Бенифер

„Бенифер“ се запознаа на снимањето на филмот „Gigli“. Афлек ја запроси во ноември 2002 година, но парот ја откажа свадбената церемонија во септември 2003 година, само еден ден пред таа да се одржи. Тие раскинаа во 2004 година. Тогаш изјавија дека медиумското влијание било претешко за нив.

џенифер лопез бен афлек
ФОТО: Инстаграм

– Ние не сакавме да имаме јавна врска. Се случи да почнеме да се забавуваме во моментот кога настанаа таблоидите. Не знаевме за тој притисок, ниту пак претпоставуваме дека може да биде толку силен, изјави Лопез во 2006 година за „Extra“.

Нови сопружници

Џенифер Лопез во 2004 година се омажи за пејачот Марк Ентони, со кој доби близнаци и се разведе во 2013 година.

Instagram
Фото: Instagram

Бен Афлек во 2005 година се ожени со колешката Џенифер Гарнер, со која доби три деца. Тие двајца се разведоа во 2015 година, главно поради неговиот проблем со алкохолизмот.

Да останев во брак сигурно сè уште ќе пиев: Бен Афлек се отвори за разводот со Џенифер Гарнер

бен афлек џенифер гарнер
Фото: Profimedia

И покрај нивната разделба Бен во повеќе наврати изјавил дека ја почитува Џеј Ло и тогаш ја пофали улогата во „Hustlers“ и рече дека таа е „вистинското нешто“.

Бен Афлек проговори за тоа како ја освоил Џенифер Лопез назад: Дефинитивно ми е убаво…

Старо-нови намери

Кон крајот на април 2021 година, Афлек беше „фатен“ како ја посетува Лопез во нејзиниот дом во Беверли Хилс.

ФОТО | Бенифер се враќа: Дали новите фотографии се доволен доказ дека се повторно заедно?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by jlover💜 (@123brianna123)

Во изминатата година тие лека-полека ја обновуваа љубовта, ги спојуваа семејствата и имотите. А сега, Бен и Џенифер-ѕвездени љубовници постојано си ја демонстрираат љубовта.

ФОТО: Џенифер Лопез и Бен Афлек уживаат во забавен парк со нивните деца

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Max and Emme 🤍 (@jlostwins22)

ФОТО | Џеј Ло и Бен Афлек во „љубовен занос“, не можат да ги оттргнат рацете еден од друг!

Џенифер беше забележана со огромен прстен на раката од страна на папараци и денес ја потврди свршувачката.  Скоро дваесет години подоцна љубовниците ќе ги остварат своите намери.

ФОТО+ВИДЕО | Џенифер Лопез ја потврди свршувачката со Бен Афлек: Прстенот има посебно значење

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот