ФОТО: Вознемирувачка увертира пред дербито – обесена кукла која го претставува Винисиус Жуниор

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор/фото: EPA-EFE/RODRIGO JIMENEZ

Фудбалерите на Реал Мадрид и Атлетико Мадрид вечерва (21.00 часот) ќе го одиграат градско дерби во рамките на Кралскиот куп за пласман во полуфиналето, а „црвено-белите“ ултраси на Атлетико веќе подготвија увертира за нова пресметка меѓу лутите градски ривали. И тоа ужасна, вознемирувачка увертира.

На надвозникот, во близина на тренинг центарот на Реал, „Валдебебас“, можеше да се забележи голем транспарент, поставен ноќта пред натпреварот на кој пишуваше: „Мадрид го мрази Реал“.

Таа порака, која ќе ја слушнете од устата на речиси секој навивач на Реал, не е она што најмногу ги вознемири граѓаните кои од утрово минуваа низ тој дел на градот, туку куклата која висеше од оградата на надвозникот.

Обесена кукла која го претставува играчот на Реал Мадрид, Бразилецот Винисиус Жуниор.

Навивачите на Атлетико и во минатото имаа расистички испади, веќе го навредуваа Винисиус само поради бојата на кожата, но и неговиот сонародник Родриго исто така на расна основа, на претходниот натпревар меѓу истите ривали во „Ла Лига“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот